Маската од еден египетски саркофаг, стара речиси 3.000 години, ќе биде понудена на аукција на 27 октомври во Њујорк, по почетна цена од 65 илјади долари. Станува збор за дрвена глава висока 20,3 сантиметри од египетската Теба, од периодот околу 943-716 година пред нашата ера, обоена во окер, бела и црна боја.

Според податоците од сајтот на аукциската куќа „Чарлс Еди“, генералот Фокс Пит-Ривер (1827-1900) од Дорсет ја купил бистата во март 1891 година, која потоа завршила во приватна сопственост во Велика Британија.
Аукциската куќа „Чарлс Еди“ е специјализирана за предмети од антички Египет, Грција, Рим и Блискиот Исток.