Добро е да се знае дека семките од дуња содржат дури 15 отсто масло и завидни количества од состојките на амигдалинот, односно на витаминот Б17, кој поседуваат антиканцерогено дејство

Дуњата (Cydonia oblonga) е царица на есенските овошја. Бидејќи нејзиното време е кратко, од октомври до декември, таа, за жал, не се наоѓа често на нашата трпеза. Предците од денешната цивилизација знаеле многу повеќе за нејзината вредност, која донекаде примила дури и митски особености. Потекнува од Азија, односно од Иран и од Анадолија, а како самоникнувачка се јавува во Средна Европа под името сидониска крушка. Златножолтите бои, тврдиот плод и киселиот вкус ги обожавале Античките Грци. Кај нив ги симболизирала љубовта и среќата, а најмногу ја приготвувале така што ќе ја издлабеле, ќе ја наполнеле со мед и така ја печеле. Всушност во старите времиња дуњата се сметала за симбол на плодноста. Пред венчавањето младите морале да јадат дуња за во бракот да има плодност и среќа. Римјаните, пак, од неа ги извлекувале етеричните масла за производство на парфеми. А Французите со векови прават сирење од дуња, задоволство што ѝ било омилено на Јованка Орлеанка.

За оние што не знаат, дуњата претставува витаминска бомба. Освен со минерали и големи количества масти, таа е богата и со протеини, јагленохидрати, диетални влакна, но содржи и многу танински материјали и пектини исто така. Од витамините најмногу има витамин Ц, но и завидни количества каротен, витамин Б1, Б2 како и ниацин. Од минералите најзастапени се калиумот, магнезиумот, натриумот, железото, сулфурот и хлорот. Семките од дуња содржат дури и 15 отсто масло и завидни количества од витаминот Б17, кој има антиканцерогено дејство. Семките се богати со танин, масти, пектин, шеќери, јаболкова киселина и емулзин.

Дуњите се сметаат за добро лековито овошје. Лековити се плодовите, листот и семето, а од плодот особено сокот и сирупот. Благодарејќи на танинот и на слузта, поволно влијае на работата на цревата и корисна е за спречување инфективни болести. Сокот од дуња сварен со исто количество шеќер помага кај упорна кашлица, астма и кај акутна дијареа. Печена дуња се препорачува кај воспаление на желудникот и цревната слузокожа, но исто така и за лекување анемија. Чајот од цветовите на дуњата помага за смирување кашлица. Чајот од семките од дуња влијае смирувачки, ја отстранува несоницата, како и лошиот мирис од устата.