Држете се, државата ни избега

Септември 2014 година, Џес Бејли на доаѓање во РМ, во својство на нов амбасадор на САД, по 2грешка“ нѐ нарече ФИРОМ. Беше шокантно, бидејќи САД нѐ признаа под „уставното име“ уште 10 г. пред неговото доаѓање, во септември 2004 година. Поводот беше кога КП на Грција не му дозволи на Џорџ Буш да се симне од Сината птица „Ер форс 1“. Тие безуспешно преговараа цели 4 часа, но КПГ, не попушти и тој не успеа да присуствува на отворање на ОИ 2004 г. Тоа било бидејќи „не смеел да стапне во Грција со крвавите НАТО-чизми“. Имав чувство дека Бејли воопшто не згреши за името, туку со таа „грешка“ тој даде заглавие за неговиот престој и мандат – дека ќе работи на дефинирање на последното југословенско домино ФИРОМ. Покрај безбројните одработени „розови машнички“ за женски и детски болести ја одработи и Република Северна Македонија, во замена на „досадното“ ФИРОМ. Дојде во Република Македонија, а ќе си оди од Република Северна Македонија. Ова е само вовед за колумната денес.

Во продолжение е колумната објавена на 26 септември 2014 година, непроменета, до точка и запирка, со заглавие „Послание до новиот амбасадор“: „Додека новиот американски амбасадор Џес Бејли реши кои сме и дали сме, должни сме ние да му дадеме вовед. Денешна РМ дериват (остаток) ремоделирана од десетици Македонии пред оваа, навистина е мултикултурна, која се прелеа од поранешното ’братство-единство’. Не верувам дека дипломатската кариера ја започнал во детскиот хор ’Развигоче’ и не верувам дека ќе замине предвремено заради сексуален скандал. Новиот американски амбасадор во Романија, пред дваесетина години не дојде со својата сопруга, туку со својот партнер. Тоа во Америка не е скандал, туку кул. Бејли нема да заврши ниту како протерана пијаница или финансиски малверзант, категории што се удомени кај некои ’дипломати од кариера’ што е практика кај некои наши дипломати од кариера (чувствувам неверојатна возбуда при изговор на оваа кованица, морам да повторам – ’дипломат од кариера’!). Неговата задача е проста како тетовски грав. Бејли со перископ треба да ги надгледува и наслушува РМ и целиот регион, да му дава информации на шефот и да прима инструкции од него, за идните постапки. Тој е печен и варен за позицијата амбасадор на САД. РМ воопшто нема да му служи за надградба на неговата кариера. Инаку, ниту тој, ниту кој било амбасадор не носи решенија, бидејќи ги добива готови и треба само да ги обелодени или реализира.

Се разбира, повеќе од смешно е, јас да му дадам извод од матичната книга на новородените држави регистрирани во ОН, бидејќи креациите за нови и ’млади држави’ се од институциите во неговата држава. Тој знае дека денешна РМ е букет од повеќе балкански цвеќиња и трње, кои до денес не преминаа во поквалитетен хибрид посеан на една иста нива, наречена Балкан. Неговата земја е хибрид од сите можни цивилизации и култури и затоа е светски лидер. А вазна исплетена од гранки и длабоки корења, не држи вода. Тој сега ќе работи на ’решение’ (промена) на името. На темата Македонија и името уште пред повеќе од 100 години, работел и еден македонист, роден на 18 ноември 1874 во Постол, близу Пела – Ениџевардарско, Егејска Македонија, во негово време, Османска Империја“. Од овој ред надолу, го читате Крсте Петков Мисирков: „Во иедна куќа таткото иет од иедна народност, иедеиниот син од друга, другиот од трек`а народност и иеден Господ знаит, до кога ке се продолжит да бидит така! Чоештината го барат од нас да се искоренит во таткоината наша тоа ненормално стаѝне, и да се примират брат со брат, татко и деца. Тоа можит да се забележит на тије, шчо велат да никога немало македонцка народност. Немало, ама је имат сега је имат сега и ќе бидит однапред. Тука имаме многу високи планини који имаат разен правец и образуваат котловини, одделени една од друга. Планините затруднуваат сојединенијето на сите македонци за обшча борба со непријателот, а пак олеснуваат работата на византијците, зашчо, со разместуајне во ниф гарнизони, они можат да држат македонците во послушание.

Осем тоа на Византиа поможуваа да држит македонците во послушение и шосетата или друмчишчата, шчо сет напраени за воени требности ушче од римјаните и ја пресечуваат Македониа од исток на запад. Т.е. од Белото море кон Сијното и од југ кон север краи Вардар т.е. од Белото море кон Дунаот. При ваквија географцки прилики, јасно јет, оти македонците не можеа да се ослободат од Византиа и готои беа да бидат сојузници на секој непријател, шчо ке воујат со Византиа. Таков сојузник до 10 век беа бугарите, а от 13 век беа србите. Се прашат, кој ни го клал името, шчо сакал да означит тој со него, кога не крстил и шчо разбираме није под името бугарин,кога се велиме со него? Исто така, једен народ долго можит да бидит без народно име, ако на близу од него немат друг народ, от кој шчо ке требит тои да се разликуат со одделно народно име. Но тоа народно име, не си измислуат народот сам за себе, ами со него се велит соседнијот народ и тои до него си го земат.

Значи наиприродно јет народното име за једен народ да се појаит у једен соседен со него народ. Соседните народи једен кон друг, значит, се јауваат во вид на нунко и кум. По мисл`та на проф. И.А. Бодуен-де-Куртене, словените сет крстени со тоа име од римјаните. Словенцките имијн`а наи често се свршуваат на-слав: Светислав, Венцеслав, Борислав и др. Словените служиле у римјаните као робови и гладиатори, а у тије робои и гладиатори наи много се повторуало зборот ’слав’ затоа тои збор зафатил да означуат, од једна страна, чоек, шчо работит наи течките работи т.е. роб, а пошчо наи многу робои се земало от словените, то од друга страна, словените биле крстени од римјаните со името слави, који они си го позајмија од ниф и го препраија на слов-ни т.е. словени. Тоа крстејне на нашите предедовци стана ушче, кога они одвај влезоа во сносуајне со по културните романцки народи. Со тоа име ке се наречеше некој от словените, ако требаше да се различит себе од некој романец или германец, и то не секаде само оно се употребуаше. Како и да јет, важно јет само то, да оно не Господ знајт, шчо означуаше, за да на можит да бидит заменено со друго. И така, прво наше народно име ни имат бидено словенин. Но за тоа име, како за наше народно није нај много знајме, не по некакви своји традицији или од романците, ами по византијцките историци. Главната причина, да зборуваат византијците за словените, значит, и за нашите предедовци, беа нивните воини со Византија.

Опустошеинијата, шчо правеа нашите предедовци во Византија беа таквија фактои, за кои не можеше да се молчит, а заједносо прикажуајнето за опустошениата се прикажуваше и за опустошуачите, кон кој се однесуваа византијците со гордост и презрение као кон варвари. Византијците зборуваа само за опасните за ниф варвари. Колку једен варварцки т.е. не грцки народ беше по страшен за нивната држаа, толку поеке омразијата кон него беше по голема и толку негоото име добијаше по долно, по презрително значение“. До тука од Крсте Петков Мисирков.

Кога велам „последното југословенско домино“ мислам на учество и трајно решение на „разликите“ (во превод – промената) за името, овој пат Грција, своеволно е употребена во улога тројански коњ. Со божемното решение на разликите и промена на името и Уставот, во пакет ќе се ребрендира досадната референца ФИРОМ, во нова Република Северна Македонија. Внесувањето асномски и охридски дополненија е новиот извод во матичната книга на новородени држави. Две востанија, два уставотворни народа, доволно за нова држава. Бејли може да си оди. Неговата мисија успешно заврши во ФИРОМ.