Досега четири тима успеале да ја освојат титулата во фудбалската Лига на шампионите во сезоната што ја почнале во квалификациите. Прв тоа го направи Манчестер јунајтед во 1999 година. Милан е единствен со две такви титули (2003 и 2007 година), а другите два тима се Ливерпул во 2005 година и Барселона пред девет години. Сезонава во таква позиција е Ливерпул, кој во ЛШ се пласира по победата во плејофот над Хофенхајм.