Република Српска може да има своја војска, но проблем се двојните аршини на меѓународната заедница, која ја форсира идејата за војска на Косово, сметаат аналитичарите

Во случај меѓународната заедница да продолжи со остварување на барањето на Косово да добие сопствена војска, тогаш треба да се реализира идејата за враќање на војската на Република Српска. Вооружените сили на БиХ не придонесуваат многу за Република Српска, изјави Милорад Додик, претседателот на РС. 

Членката на Комисијата за одбрана и безбедност на парламентот на БиХ, Душанка Мајкиќ, за „Новости“, изјави дека изјавата на Додик не е нереална, имајќи ги предвид одредбите од Дејтонската спогодба.

– Вооружените сили на БиХ се основани под голем притисок на меѓународната заедница, но тие не се дел од дејтонските категории. Според Дејтонскиот договор војски можат да имаат само ентитетите. Институциите на РС мораат да размислуваат во насока на повторно основање на војската на РС, затоа што вооружените сили на БиХ се големо промашување – вели Мајкиќ.

Предуслов за формирање на војската на РС е да постои политичко единство.
– Сега сме поделени. Имаме претставници во Сојузот за промени во Сараево, кои работат спротивно на одлуките на институциите во РС. Но имаме и членови на Претседателството на БиХ, кои исто така не сакаат вистинска соработка со РС – нагласува Душанка Мајкиќ.

Деканот на Факултетот за безбедност во Бања Лука, Предраг Ќераниќ, за „Новости“ вели дека Република Српска може да има своја војска, но проблем се двојните аршини на меѓународната заедница.

– Има обиди Косово да добие војска иако тоа не е содржано во Бриселската спогодба, а од друга страна во Дејтонскиот договор тоа е предвидено за РС, но тоа не се дозволува. Ако продолжат притисоците тоа да се реализира во Косово, нема ниедна причина Република Српска повторно да основа свои вооружени сили – вели Ќераниќ.
Во РС функционира Трета пешадиска единица, која е дел од вооружените сили во БиХ, кои не е во функција на задоволување на потребите на српскиот ентитет, сметаат претставниците на РС.