Компанијата што управува со имотот на Мајкл Џексон ја тужеше продукцијата „Дизни“, бидејќи во нивната неодамнешна емисија „Последните денови на Мајкл Џексон“, емитувана на Еј-би-си, дошло до кражба на интелектуалната сопственост на познатата музичка ѕвезда.

Во тужбата се наведува дека во споменатата емисија нелегално се користеле делови од неговите најпопуларни песни: „Billie Jean“, „Bad“, спотовите за песните „Thriller“ и „Black and White“, како и исечоци од нивни документарни филмови.
Одговорни лица од Еј-би-си изјавија дека емитуваната програма била дел од вестите на оваа телевизија и оти не биле прекршени правата на компанијата што управува со имотот на Мајкл Џексон.