Со натпреварот вечерва, од 19 часот, Фленсбург (Германија) – Монпелје (Франција) почнува четврт-финалето во машката ракометна Лига на шампионите. Од другите двојки, в сабота е средбата Киелце (Полска) – Пари сен Жермен (Франција), а за недела се предвидени натпреварите Кил (Германија) – Вардар (Македонија) и Нант (Франција) – Скјерн (Данска). Реваншите се предвидени за идната недела, а потоа е фајналфор-турнирот во Келн (Германија), во мај.