Осумдесет и три дела од циклусот „Собитија“ на Нове Франговски (1939-2017) се претставуваат на изложба во „Галерија арт“ во Подгорица. Изложбата ја организираат Музејот на градот Скопје и Музејот и галерија Подгорица. Со изложбата се опфаќа специфичен дискурс од развојот на творештвото на Франговски, бидејќи најновиот циклус дела досега ѝ се непознати на пошироката јавност.

– Последниот творечки опус на истакнатиот македонски сликар Нове Франговски е своевиден творечки рекапитулар по долгата авторска и животна патека, создаден како амалгам на сите научени и стекнати визуелни сензации и доживувања.