Jубилејниот концерт на Дани е закажан на 7 март, со почеток во 20.30 часот, во Македонската филхармонија.

Во рамките на концертот, кој, како што вели Дани, ќе се одржи во градот за љубов и ќе значи патување низ нејзината 20- годишна кариера, ќе бидат отпеани сите хитови што оставиле неизбришлива трага и во нејзината музичка кариера, но и на домашната сцена. Во изведбата на рок-симфонијата, како што всушност е замислен целиот концепт, на сцената ќе ја придружува филхармониски оркестар под диригентската палка на Бисера Чадловска.

Во меѓувреме Дани ја објави моќната балада „Време“, која, како што вели Дани, е музичка експресија инспирирана од емотивни реалности, во која директно се поставува прашањето дали времето е единствениот лек за болката што сите во животот барем еднаш сме ја доживеале.

– „Време“ е цел роман во кој се опишани десетици години… „Време“ е песна што останува за навек – вели Дани.

Влезниците, кои се во ограничен број, може да се набават преку продажните мрежи на мктикетс.мк и карти.ком.мк.