Познатиот клуб во американски фудбал (НФЛ) Далас каубојс е највредниот клуб на светот, со 4,8 милијарди долари, покажале најновите истражувања на познатиот економски магазин „Форбс“.

Зад Далас, чија вредност е зголемена за 14 отсто во однос на лани, се наоѓаат славните фудбалски клубови, англискиот премиерлигаш Манчестер јунајтед (4,1 милијарда) и шпанските клубови Реал Мадрид (4,08) и Барселона (4,06).
Во првите 10 највредни спортски колективи се наоѓаат уште Њујорк јенкис (безбол, 4 милијарди), Њу Ингланд патриотс (НФЛ, 3,7), потоа славните НБА-клубови Њујорк никс (3,6) и Лос Анџелес лејкерс (3,3), Њујорк џајантс (НФЛ, 3,3) и првакот Голден стејт вориорс (3,1).

Листата на економскиот магазин „Форбс“ ги анализира НФЛ, НХЛ, НБА, МЛБ, Ф1, Наскар и фудбалските клубови, поточно нивниот капитал, стадионите и другите нивни вредности.