Во манастирскиот комплекс „Свети великомаченик Георгиј“, во Криви Дол, вчера, се одржа средба на архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан со поглаварите на верските заедници, застапени во Уставот на Република Македонија.

На средбата присуствуваа бискупот скопски и епарх струмичко-скопски Киро Стојанов, поглаварот на Исламската верска заедница, реис-ул-улема ефенди Сулејман Реџепи, претседателот на Еврејската заедница во Република Македонија, Берта Романо Николиќ, и Михаил Цеков од Евангелско-методистичката црква. Поглаварот на МПЦ-ОА ја организира средбата по повод големите христијански празници.