Гувернерката на мексиканската држава Пуебла Марта Ерика Алонсо и нејзиниот сопруг, поранешен гувернер на истата држава, Рафаел Морено, загинаа во хеликоптерска несреќа. Хеликоптерот од моделот „аугуста 109“ се урнал десетина минути по полетувањето, недалеку од главниот град на Пуебла. Тие планирале да отпатуваат во главниот град на Мексико.

Сѐ уште нема извештаи за причината за несреќата. Во несреќата загинале уште еден патник и двајцата пилоти. Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор изрази сочувство до роднините на жртвите.