Со нокаут во втората рунда над ерменско-американскиот боксер Ванес Мартиросјан, казахстанскиот боксер Генади Головкин (36) 20-ти пат ја одбрани титулата светски шампион во средна категорија. Со оваа победа и со оваа титула тој се израмни со рекордот на Бернард Хопкинс.

Казахстански професионален боксер моментално ги има обединето ВБА (Супер), ВБЦ, ИБФ и ИБО-титулите во средна категорија.
Почнувајќи од јануари 2018 година, тој е рангиран како најдобар активен боксер во средна категорија во светот од Транснационалниот одбор за рангирање во боксот (ТБРБ).