Лисиен Лорен

Првиот гол на светските првенства (СП) во фудбал го постигна Лисиен Лорен (Франција) на мечот на СП 1930 помеѓу Франција и Мексико (4-1) одигран на 13 јули 1930 година. Оттогаш почна и броењето за разни статистички категории, па, така, најмногу голови на едно СП постигна Жист Фонтен (Франција), 13 на СП 1958 во Шведска, единствен со хет-трик во финале е Џеф Харст (Англија) во 1966-та, а највисоки победа забележа Унгарија над Салвадор со 10-1 на СП 1982. Најмногу погодоци во едно финале беа постигнати на дуелот Бразил – Шведска 5-2 (СП 1958).

Осуммина постигнаа по два гола во финален меч – Џино Колауси и Силвио Пиола од Италија во 1938, Хелмут Ран од Германија во 1954, Вава и Пеле од Бразил во 1958, Марио Кемпес од Аргентина во 1978, Зинедин Зидан од Франција во 1998 и Роналдо од Бразил во 2002 година. Четворица, пак, ја треселе мрежата во по две финалиња – Вава (1958 и 1962), Пеле (1958 и 1970), Паул Брајтнер од Германија (1974 и 1982) и Зидан (1998 и 2006). Исто толку се стрелци и на гол од пенал во финален меч, и тоа Јохан Нескенс од Холандија (1974), Брајтнер (1974), Андреас Бреме од Германија (1990) и Зидан (2006).