Филмскиот музички натпревар (ФМН) бара талентирани музичари, филмаџии и графички дизајнери од Македонија за натпревар што утре ќе почне глобално во сите земји, на сите континенти. Станува збор за единствен меѓународен натпревар за креатори на оригинална филмска музика, телевизиска музика, композитори, бендови, музичари, продуценти, солисти, автори на краткометражни филмови, видеа и графика, без ограничувања на старосната граница, националноста или земјата на живеење, наменета за оригинални филмски или телевизиски авторски композиции, како и инструментални композиции и композиции без текст и краткометражни филмови и видеа.

– Проектот ФМН беше единствен од ваков вид претставен на меѓународните партнери, филмските национални центри, како и делегации од различни земји на 71-от филмски фестивал во Кан. Главна цел е да им се овозможи на нови или професионални музичари, режисери, креатори на филмови, видеа и графика, да го испратат својот труд на меѓународниот натпревар преку интернет, од удобноста на нивниот компјутер или студио. Да дозволат да бидат оценувани од страна на меѓународното жири, составено од експерти од музичката и филмската индустрија. Проектот достигна голем интерес, позитивни реакции од аудиовизуелните експерти и беа реализирани нови меѓународни партнерства – соопшти Амбасадата на Словачка во Македонија. Во историскиот словачки град Кошице ќе се одржи гала-финалето од натпреварот.
За апсолутните победници ќе одлучи професионално меѓународно жири, во кое членуваат експерти од целиот свет поделени во различни категории на натпреварот. Гала-финалето ќе биде снимено како видеозапис за понатамошна дистрибуција, за ПР и евентуално емитување на телевизиите.

Улогата на организаторите е меѓународна соработка на културно ниво помеѓу Република Словачка и државите вклучени во овој проект. Комуникација и соработка со амбасади, национални културни институции, национални медиуми на одредени земји – информира словачката амбасада за глобалниот натпревар.