Електричната гитара „гибсон СГ“од 1965 година, која му припаѓаше на покојниот рокер Том Пети, и негова капа цилиндар ќе бидат понудени на аукција на 21 месецов, соопшти аукциската куќа „Херитиџ“.
Пети со гитарата свиреше на турнејата со Боб Дилан во 1986 година. Гитарата и цилиндарот се понудени од пријателот на Пети, Норм Харис, кој има продавница за ретки гитари.
Дел од парите од продажбата ќе отиде во две хуманитарни институции во Јужна Калифорнија – прифатилиштето за бездомници „Миднајт мишн“ и Фондот за спас на животните.