Пеп Гвардиола, кој го предводеше Манчестер сити до шампионската титула во Премиер-лигата и до рекордните 100 бода, прогласен е за менаџер на сезоната во изборот на асоцијацијата на менаџери. Сити сезонава го освои и Лига-купот.
Конкуренти на Гвардиола за престижното признание му беа Јирген Клоп од Ливерпул, Шон Дајч од Барнли, Нуно Еспирито Сантос од Вулверхемптон, Нил Варник од Кардиф и Џон Колмен од Акрингтон Стенлис.