Претседателот на Србија, Александар Вучиќ вчера изјави дека е засегнат од „лошото мешање“ на Српската православна црква (СПЦ) во политиката за Косово, јавува дописничката на „Мета“ од Белград.

По повод соопштението на Соборот на СПЦ, „дека по ниту една цена не смее да се доведат во прашање суверенитетот и интегритетот на Србија и на Косово“, Вучиќ пред новинарите на српските медиуми во Хелсинки изјавил дека суверенитетот го чуваат територијата, војската и народот и прашал „што од тоа, Србија има на Косово“.

– Целосен суверенитет би значел дека Србија воведува војска и полиција на Косово – изјавил Вучиќ и додал дека тоа е неодговорна политика и дека не би сакал да ризикува, туку да го чува српскиот народ.