Македонскиот фудбалски интернационалец Мирко Ивановски го постигна вториот првенствен гол за Хајдук, во победата со 3-1 против Рудеш, дома. Тоа беше прва победа на Хајдук сезонава, во 7. коло, по што тимот од Сплит има седум бода и е на седмото место. Води Динамо со 17 бода.

Во минатата сезона Ивановски беше трет стрелец во првенството на Хрватска, со 15 гола во дресот на Славен. Од другите македонски интернационалци, сезонава по два гола имаат, на пример, Крсте Велкоски за Сараево (БиХ), Езгијан Алиоски за Лидс (Англија)…