Проблемот со глобалниот отпад на храна за кратко ќе прерасне во проблем од милијарди тони. Според индексот за отпад на храна на програмата за заштита на животната средина на Обединетите нации, светот произведува 931 милион тони отпад од храна на годишно ниво, од кои само 569 тони се отпад од домаќинствата. Преостанатото количество отпад им се припишува на секторите за храна (244 милиони тони) и за продажба (118 милиони тони). Просечно секоја година едно домаќинство во светот произведува 74 килограми отпад од храна по жител што укажува на тоа дека е потребно да се преземе некаква акција за решавање на овој проблем. Највисоките апсолутни бројки за отпад од храна несомнено се регистрирани во двете држави што имаат население од над една милијарда жители. Така, во Кина годишно се фрлаат 91,6 милион тони храна додека во Индија таа бројка изнесува 68,8 тони. САД се нешто пониско на листата со тоа што фрлаат 19,4 милиони тони храна, а Европа, Франција и Германија фрлаат меѓу пет и шест милиони тони годишно.