Една од најубавите гробници во Сахара стара 4.300 години, која ѝ припаѓа на Шестата династија, а беше откриена во 1940 година, Египет ја отвори деновиве првпат за туристите по претходно извршена реставрација.

Се смета дека во неа бил закопан висок кралски офицер наречен Меху. Гробницата се наоѓа во пирамида со тесен ходник и со шест соби. Во неа се наоѓаат и собите во кои се закопани синот и внукот на Меху, а ѕидовите се со насликани живописни сцени.
Меху, кој бил и везир и шеф на судии и директор на палата, за што говорат натписите на ѕидовите, живеел за време на владеењето на кралот Пепи 2332-2287 пр. н.е. и имал 48 титули.