Победа од Прилеп останува прволигаш, откако во решавачкиот бараж-натпревар во Струмица, за пласман во Првата лига го победи Борец од Велес со 2-1 (2-0). Борец во првата бараж-средба, играна меѓу второпласираните во двете втори лиги, исток и запад, го победи Гостивар, исто така, на неутрален терен, на пенали, 5-4. По ова, прволигаши во следната сезона ќе бидат Вардар, Работнички, Македонија ЃП и Шкупи од Скопје, Шкендија и Ренова од Тетово, Академија Пандев и Беласица од Струмица, Силекс од Кратово и Победа од Прилеп.