„Сони пикчрс“ објави трејлер за долгоочекуваната адаптација на суперхеројската приказна во која Вин Дизел се враќа од мртвите – од маринецот Реј Гарисон до суперчовек.

Откако го постигна договорот со „Марвел“ за снимањето на „Спајдермен“, реализацијата на „Смртоносен истрел“ неколкупати беше одложувана, но, еве, стигна на ред и ова спектакуларно филмско издание.
„Смртоносен истрел“ е еден од најкрвавите, најбрутални и најчудни херои на Валијант. Станува збор за бивш војник, кој се враќа од мртвите благодарение на нанотехнологија. Реј Гарисон, кого го игра Вин Дизел, може да се регенерира речиси од сите рани и да се приспособи на најлошите услови.

– Тој е нешто што никогаш досега не сме виделе и во целост е под наша контрола – вели еден од научниците во трејлерот.
Дејството на филмот почнува кога тим научници го враќаат Гарисон од мртвите, по неговото и убиството на неговата жена. Во својата унапредена состојба тој станува суперчовек или машина за убивање, пишува во описот на филмот.
Тој на почетокот нема да се сеќава за својот минат живот, но кога ќе почнат да му се враќаат сликите од минатото, ќе се присети на човекот што го застрелал и ќе започне потрага по него.

Освен Дизел, актерската екипа ја сочинуваат и: Сем Хоган, Ги Пирс, Еиза Гонзалес, Тоби Кенел, Талула Рајли и многу други. Премиерата на „Смртоносен истрел“ е закажана за 21 февруари во САД, а потоа филмот ќе тргне низ светот.