Ланскиот победник, Швајцарецот Роџер Федерер (38) беше елиминиран од тенискиот гранслем-турнир во Мелбурн, по што ќе мора да причека на 100-та победа и на рекордниот седми триумф на Австралија опен најмалку уште една година. Затоа, пак, Американката Серена Вилијамс (37) е на добар пат да ја освои осмата титула во Мелбурн, вкупно 24-та на гранслем-турнирите и на тој начин да се израмни со рекордерката, Австралијката Маргерет Корт.

Вилијамс во осминафиналето ја елиминира првата светска тенисерка, Романката Симона Халеп во три сета со 6-1, 4-6 и 6-4 и по 50-ти пат ќе игра во четврт-финале на гранслем-турнир. За Вилијамс ова беше деветти триумф на последните 10 дуели против Халеп, која во претходната рунда ја елиминира Венус Вилијамс. Следна противничка на Серена (утре) ќе ѝ биде Каролина Плишкова од Чешка.