Во фоајето на театарот „Јордан Х.К-Џинот“ во Велес, утревечер, во 20 часот ќе се одржи вечер со поезијата на Димитри Соле Љубин.
Модератор на поетската вечер ќе биде писателот и драматург Сашо Димоски, а избор од поезијата на Љубин ќе читаат актерките Кети Борисовска и Талија Настова, во музичка придружба на Сашко Костов.

Циклусот поетски вечери е програмска активност на Велешкиот театар посветена на афирмација и промоција на поезијата на поети по потекло од Велес. Во рамките на циклусот досега се одржаа вечери со поезијата на Катица Ќулафкова, Ристо Јачев, Павлина Климкар Меанџиева, Игор Крајчев и на Васил Тоциновски.