Вечерва, со почеток во 21 часот, во просториите на кафулето „Котур“ ќе се одржи вечер на македонски анимирани филмови од режисерите: Крсте Господиновски, Владимир Лукаш и Жарко Иванов, кои лично ќе присуствуваат на проекциите, а на крајот публиката ќе има можност да постави прашања и да развие дискусија.

Прв филм што се наоѓа на репертоарот е „Готлиб“ на Крсте Господиновски (15 мин), втор е „Девојката што паѓа“ во режија на Владимир Лукаш, а за последна проекција е предвиден филмот „Кружно патување на монахот“ во режија на Жарко Иванов.