Промоција на книгата „19“ од авторката Верица Ацеска ќе се одржи вечерва, во 19.30 часот, во МКЦ-клуб и ресторан. Промоторка е Ана Стојаноска, која заедно со Никола Ацески, Емилија Мицевска и со Филип Трајковиќ ќе изведе делови од романот.

– Ништо не е едноставно во оваа навидум едноставна разговорлива, високофреквентна книга во која едноставното и очигледното го кријат длабокото и недостижното – вели Ана Стојаноска за книгата.

Според Алексaндар Прокопиев, „19“ на Верица Ацеска е роман што може да се чита како исповед на една повредена жена, но во исто време и како ракопис на духовит автор, кој умее да владее со моќни книжевни средства – јазикот, описот и хуморот.