Најновиот филм на „Марвел“, „Веном“ во кој главната улога ја игра Том Харди премиерно беше прикажан во кината во светот, па синоќа и кај нас.
Харди има две улоги, антихеројот вонземјанин Веном и Еди Брок, неговото најпознато тело-домаќин. Веном е еден од најголемите непријатели на Спајдермен, но тој не се појавува во филмот.

Веном првично е направен како негативец, но со текот на времето стана еден вид антихерој како Дедпул. Тој е „симбиот“, фиктивен лик од марвел-комиксот, кому му треба домаќин за да преживее (во можност се да ги менуваат личностите на своите домаќини, со засилување на нивните физички и емотивни особини, давајќи им супермоќи). Кога се поврзува со домаќинот, во случајот со Еди Брок, кој го игра Том Харди, се создава ново битие, наречено „Веном“.

Режисер на филмот е Рубин Флајшер, а во филмот играат и Мишел Вилијамс, Риз Ахмед и Вуди Харелсон.
– Мојот син е огромен обожавател на Веном и тоа беше причината што избрав да го играм ликот – вели Харди.