Вирџил ван Дајк, центархалфот на Ливерпул, е добитник на признанието за најдобар фудбалер на сезоната 2018/2019 во англиската Премиер-лига што ја доделува Асоцијацијата на професионални фудбалери (ПФА) на Англија. Ван Дајк, кој е првиот дефанзивец добитник на ова признание по Џон Тери од Челси во 2005-та, го наследи клупскиот колега Мохамед Салах, кој лани го доби ова признание.

Во прилог на дефанзивните придонеси за тимот сезонава (без примен гол на 19 од 36-те првенствени меча), Ван Дајк постигна уште три гола и двапати асистираше во Премиер-лигата, а во Лигата на шампионите (ЛШ), имаше ефект од два гола и две асистенции што придонесе Ливерпул да е во конкуренција за освојување на титулата во Премиер-лигата, и за пласманот во полуфиналето на ЛШ.

Стерлинг (24) го доби признанието за најдобар млад фудбалер. Тој сезонава постигна 17 гола, плус 10 асистенции за Сити. И тој го наследи колегата Лирој Сане, кој лани ја освои оваа награда.