Важно е да се именуваш МАКЕДОНИЈА

(Според вистински настан на еден остров на устието на Црна во Вардар)

Некогаш многу одамна… Бришете го овој почеток: КОЈА Е МЕРКАТА ЗА „МНОГУ ОДАМНА“ кога станува збор за Македонија, со археологија што покрива најмалку 8.000 години ИСТОРИЈА и околу 700.000 години предисторија кај месноста Камени Гумна?
Да се обидам повторно: НЕ БЕШЕ ТОА ОДАМНА.
Македонското министерство за култура донесе одлука да постави соодветно зголемена секција од прочуената ТАБУЛА ПОИНТИНГЕРИАНА на празниот ѕид веднаш спроти влезот на нашето засега најпознато, најстаро, туристичко-археолошко одредиште СТОБИ (со почит кон Артур Еванс). Намерата беше апсолутно разумна: ДА СЕ ЗАСИЛИ ЗНАЧЕЊЕТО НА ДРЕВНИОТ ГРАД ПРЕКУ ГЕОГРАФСКА ПОТВРДА НА ЛОКАЛИТЕТОТ ШТО СО ЈАСНИ КРУПНИ БУКВИ СТОИ ВО ГЕОМЕТРИСКИОТ ЦЕНТАР НА ЕДЕН ОД НАЈСТАРИТЕ ЗЕМЈОПИСИ НА СВЕТОТ.

Еве го сценариото.
Автобусот запира. Туристите излегуваат пред веќе рекламираната дестинација. Се скрајнуваат и се групираат околу водичот. Тој со предвидена перипетија на почетокот, не ги води кон градот, туку на спротивната страна пред белиот ѕид и илуминираната карта. Јасно, на централно место во присуство на ненадминатиот Рим (на лево и на маргините) стои „СТОБИ“. Тие, вака позитивно изненадени, се подготвени да уживаат во следниот чекор: монументална прошетка низ шепотот на древните граѓани на Стоби. НО! Не е ретка појавата за искусен туристички водич: некои од посетителите се веднаш подготвени да постават прашања. Зошто географијата на картата е чудно издолжена? Каде Е ОЗНАКАТА, на пример, „РИМСКО ЦАРСТВО“? Зошто Рим не е во центарот?

За науката е добро кога нешто ново и поинаку ќе се појави како резултат на потрагата по вистината. За медиумите исто така. Замислете наслов „Откриен е гробот на Александар Македонски“. И за туристите е убава можност да го потсетат водичот за нешто што не успеал да го проследи од морето најнови археолошко-историски откритија што секојдневно ја менуваат претставата за историјата. Но што да сторат водичите во вакви случаи? Секојдневно прелистај што има ново на археостраниците, посети го археолошкото ископување во околината на опсегот на турите во надлежност пред да дојде сезоната на нови туристи, распрашај се кај археологот што ги правел ископувањата (ако сака да ти каже), прочитај литература и интернет, спореди и гледај да имаш божја наклоност и да треба само да додадеш нешто на старата приказна.
Македонија е заплеткан простор и длабоко простор-време за туристичките водичи. Прво, поради тоа што секој ден на итинерерот се појавуваат нови факти од минатото. Второ, поради неизбришливото значајно присуство на Македонија во светската картографија, но несоодветната поддршка во официјалните отпечатени историски и промотивни производи. Трето, археологијата во оваа доказна постапка за вистината именувана Македонија учествува само со 8 отсто, а пишуваните истории уште помалку. Четврто, би било добро да се вратам на прашањата на љубопитниот посетител.

TABULA PEUTINGERIANA, oнаква каква што ја препечатуваме денес, го носи името на еден германски антиквар (Конрад Поинтингер), кој во 16 век препечатува (не знаеме сигурно, но го држиме за збор) една карта од 13 век, која се смета (според ЕУ-хипотеза) дека е од 4 односно 5 век по Христа, изработена врз основа на оригинал што е сочинет за време на Август Октавијан (27 пр. н.е. -14 н.е.)!
Кој разбра-разбра. Прифаќаме како вистина како што прифаќаме сѐ од ЕУ и… да ја довршиме турата… ЗНАЧИ: Пред ѕидот на спротивната страна од влезната порта во древниот град Стоби мала група туристи стојат и гледаат во необичната географска карта на светот. Еден од помладите поставува едноставно но очигледно прашање: ЗОШТО Е МАКЕДОНИЈА ТОЛКУ ГОЛЕМА НА РИМСКАТА КАРТА НА СВЕТОТ? Водичот реагира разумно: Ова не е целосната карта, а само делот каде што е претставена Македонија. Потоа, дека оваа карта е целосно претставена само по вертикала и дека по хоризонтала има уште три дела за да се претстави познатиот свет од тоа време: од денешна Франција до денешна Индија. Ете, нема други прашања и групата е задоволна и поисполнетата програма за денот безбедно вратена во хотелот. Ракувања со добри желби, благодарности, дојдете пак и сѐ е во ред како што треба. Но, дали е сѐ навистина во ред?

ЕДНОСТАВНОТО ПРАШАЊЕ СЀ УШТЕ РЕВЕРБЕРИРА, иако туристите одамна се заминати: ЗОШТО Е МАКЕДОНИЈА ТОЛКУ ПРОСТРАНО ПРЕТСТАВЕНА НА РИМСКАТА КАРТА? Сега полека, чекор по чекор.
1. Отвори ја Поинтингеријана на ГУГЛ. 2. Прочитај ги димензиите: 6,71 метри должина и 0,33 метри широчина! 3. Делот каде што е претставена Македонија е долг околу 1,20 метар, со ширина 0,33метри! Приближно 20 проценти од севкупната претстава на светот од сознанијата на Римската Империја! 4. Римската карта не е прецизна во однос на териториите! 5. Концептот на овој географски состав е втемелен на бројот на важните градови во империјата, градовите што вреди да бидат посетени (а богами во Македонија изгледа ги имало доста) за потребите на трговијата и војската, градовите што по својот редослед го бележат најефикасниот пат до Индија. МЛАДИОТ ТУРИСТ ПОСТАВИЛ ТОЧНО ПРАШАЊЕ – Македонија навистина е претставена како 20 отсто од растојанието помеѓу границата на Франција кон Шпанија и Индија! Но растојанието и тогаш и денес е 8.000 км и, според тоа, Македонија треба да е околу 2,5 проценти од долгото седумметарско црево на ТАБУЛА ПОИНТИНГЕРИАНА!

Зарем е Македонија волшебниот дел на географската наука што станува 10 пати поголем кога ќе го восприемате преку целиот сензориум? Дали е тоа феноменот што го произведе „the name issue“ – најголемиот ирационален спор во историјата на светот? Дали е тоа причината што оваа информација од антикварницата на Конрад од 16 век денес доживеа продолжение кон целиот Пиринејски Полуостров + Британските Острови? За колку се намали процентуалното учество на македонската цивилизација во растежот на европската со оваа современа додавка кон антикварската копија? Додавката е чесно направена со олеснување дека морало да ја има и дека во некој оригинал и овие должини морало да бидат претставени. Чесно. Овие карти се додадени само во сива гама, додека „оригиналот е во боја“! Но наскоро (се очекува), сите се надеваме: кога ќе влеземе во ЕУ, и оваа „неправда“ ќе биде обоена и израмнета.
НАРАВОУЧЕНИЕ:
А. Кликнете на GOOGLE TRANSLATE.
Б. Одберете: од англиски на хинду.
В. Напишете: Мајката Земја.
Г. Слушнете: МАКЕДОНЈА.
РЕЦКАНО Е 7527 ЛЕТО ПО СОЗДАВАЊЕТО НА СВЕТОТ КАЈ ХРАМОТ НА ИЗИДА НА ОСТРОВОТ ПРЕД УТОКАТА НА ЦРНА ВО ВАРДАР
ВАНГЕЛ БОЖИНОСКИ, УЧЕН ВО ОВОЈ ДВОРЕЦ.