Грчката опозициска Нова демократија им дала инструкции на своите пратеници и високи функционери да не се појавуваат на програмите на државната телевизија, обвинувајќи ја за пристрасност во корист на Владата. Според оваа партија, ЕРТ водела „вулгарна владина пропаганда“.

Претходната конзервативна влада ја затвори во 2013 година и ја замени со медиум со двојно помалку вработени. Меѓутоа сегашната левичарска влада во 2015 година повторно ја отвори.