Ракометарките викендов го одиграа 3-то коло во женската Суперлига во која по трите кола максимален ефект има Металург. Девојките од „Автокоманда“ славеа убедлива победа на гостувањето кај вечниот ривал Вардар со 27-18, а Куманово беше супериорен на гостински терен кај ЦЕМС со 38-19. Домашниот терен им донесе победа на Гевгелија во дуелот со Овче Поле (27-19) и на Пелистер со Спартак (33-27). Со синоќешниот дуел Деспина – Стружанка беше комплетирано колото. 

Резултати, 3. коло: Гевгелија – Овче поле 27-19, ЦЕМС – Куманово 19-38, Пелистер – Спартак 33-27, Вардар – Металург 18-27. Синоќа: Деспина – Стружанка. Идно коло: Куманово – Пелистер, Металург – Гевгелија, Овче поле – ЦЕМС, Деспина – Вардар, Стружанка – Спартак.