Во просек, фудбалерите од А-тимот на Барселона имаат уште 3,23 години до истекот на договорите, а тие на Реал 3,19 години

Барселона и Реал Мадрид се на врвот на табелата според просечната должина на преостанатите договори на фудбалерите, покажа анализата на Фудбалската опсерваторија на Меѓународниот центар за спортски студии (ЦИЕС) од Швајцарија. Шест од првите осум тима до вчера беа во конкуренција за двата европски трофеја, во Лигата на шампионите и во Лига Европа. Овие податоци ја истакнуваат врската помеѓу долгорочното планирање и успехот на тимот. Во просек, фудбалерите од А-тимот на Барселона имаат уште 3,23 години до истекот на договорите.

Оваа бројка е 3,59 за 11-те фудбалери што најчесто беа на теренот во домашното првенство сезонава. Просечно најдолги договори од другите тимови во петте најсилни првенства во Европа (Англија, Италија, Франција, Шпанија и Германија) се измерени кај Тотенхем, Лил, Лајпциг и Рома. Според ЦИЕС, на другиот крај на оваа табела, најмала вредност на овие бројки е забележана кај францускиот тим Амиен (0,99 години). Вкупно само кај три тима е забележан просек од помалку од една година на должина на преостанат договор кај првите единаесетмина, и тоа кај Кротоне, Беневенто и Стразбур.