По завршувањето на првенствата сезонава во петте најсилни лиги во Европа, Фудбалската опсерваторија на Интернационалниот центар за спортски студии (ЦИЕС) објави листа на која германскиот првак Баерн е најпродуктивниот тим сезонава.
За листата направена е споредба на пласманот на табелата со пласманот на една виртуелна листа, која, пак, е сочинета врз база на т.н. продукциски индекс, во кој влегуваат три клучни индикатори на перформансите – удари упатени и примени од шеснаесетникот, како и процентот на посед на топката.

Три шампиони во тие земји беа и најпродуктивни, па така водечки на листите се Баерн (плус 94 отсто во споредба со просекот во германската лига), ПСЖ (плус 84) и Манчестер сити (плус 82). Во Шпанија, третопласираниот Реал Мадрид (плус 61) е пред шампионот Барселона (плус 52), а во Италија вицешампионот Наполи (плус 59) го престигна првакот Јувентус (плус 38).
Според ЦИЕС, најголемата позитивна разлика во некоја од лигите во споредба со реалната табела и „продукциската“ била измерена кај Барнли (плус 11), Вилјареал (плус седум), Амиен (плус седум), Херта (плус шест) и кај Киево (плус пет). Најголема негативна разлика, пак, била измерена кај Саутемптон (минус 10), Атлетик Билбао (минус 11), Каен (минус пет), Хамбургер (минус шест)…