Нашите баби немале избор на производи за чистење на домот, па затоа биле принудени да се снаоѓаат и да чистат со намирници и производи, кои нам денес ни звучат необично. Овие нивни трикови може да ги искористите и вие за да си ја олесните работата и да си „купите“ време и пари.
За дрвениот под (паркетот) да ви биде блескаво чист и да сјае, потребни ви се две состојки од вашата кујна. Во сад со вода додадете неколку шолји оцет и течен сапун. Во таа смеса намокрете ја крпата за чистење и со неа пребришете го подот. Ефектот е очигледен веднаш.

Доколку барате едноставен начин за чистење на микробрановата печка без притоа да ја изгребете или оштетите, го имаме најдоброто решение за вас. Ставете лимонов оцет и вода во стаклен сад, кој потоа ќе го ставите во печката. Вклучете ја печката неколку минути. Пареата што ќе се создаде во печката ќе ви помогне лесно го исчисти уредот. Сѐ што треба да направите е да ја пребришете внатрешноста со крпа.
Често сте размислувале како да ги отстраните масните дамки од каучот. Нив најлесно ќе ги исчистите со влажни марамчиња натопени во алкохол. Откако ќе ја истриете дамката исушете го местото со фен.

Чистењето на мрснотијата од стаклото на рерната претставува проблем за секоја домаќинка. Стаклото најлесно ќе го исчистите со тврд сунѓер потопен во оцет и детергент. Притоа користете топла вода за темелно отстранување на мрснотијата.
Четката во тоалетот секогаш ќе ви биде чиста и ќе има свеж мирис доколку во садот во кој стои ставите од средството за чистење на тоалетот. На тој начин вашиот тоалет секогаш ќе мириса свежо, а истовремено четката секогаш ќе ви биде дезинфицирана.
Кога последен пат сте ја исчистеле машината за перење алишта? Машината за алишта најдобро ќе ја исчистите така што ќе ја пуштите да пере на празно, без алишта, а во преградата за прашок ќе ставите три-четири лажици сода бикарбона и малку детергент за перење. Потоа повторно вклучете ја машината без алишта, но овој пат во внатрешноста ставете една чаша оцет.

Доколку вашите бели перници добиваат жолта боја, следен чекор со кој ќе им ја врати свежината е следниот. Ставете ги перниците во машина за перење алишта и покрај прашокот за перење додадете сода бикарбона и избелувач за алишта. Трите состојки ќе им ја вратат првобитната белина на перниците.

Оцетот ќе ви помогне и во чистењето на туш-кабината. Во шише со распрскувач ставете оцет и испрскајте ја туш-кабината. Оставете да дејствува во текот на ноќта, а утредента исплакнете ги површините со млака вода. Дамките и нечистотијата за миг ќе исчезнат.

Често се прашуваме како да го исчистиме душекот од спалната соба. Нашите баби имале решение и за тој проблем. Посолете го душекот со сода бикарбона и оставете ја да дејствува еден час. Потоа исчистете го душекот со правосмукалка.
Комбинацијата од сода бикарбона и оцет ќе ви помогне и во чистењето на затнатиот одвод од лавабото. Ставете две-три лажици сода бикарбона и потурете со една шолја оцетна киселина, смесата ќе почне да врие, потоа во одводот истурете зовриена вода и крај на проблемот.