По добиен список од 30 можни производители на генетички модифициран ориз, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) вчера ги продолжи контролите на терен.
Како што соопшти директорот на АХВ, Зоран Атанасов, позната е и сортата ориз добиена од генетички модифицираното семе.
Со контролите ќе се утврди кои се тие производители, по што ќе бидат преземени и мерки соодветно на законот.

– Имаме сознанија која е сортата на ориз и имаме список на лица кај кои може да се најде. Екипите се повторно на терен. Детално ќе се влезе и ќе се утврди кои се тие производители. Добиен е список од 30 можни производители кај кои ќе се појде. Тоа ќе се реализира во соработка со Управата за семе и саден материјал при МЗШВ – истакна Атансов.

Според директорот, контролите се зајакнати не само во земјава туку и на граничните премини при увоз. Се подготвува план за контрола на годишната, но и на реколтата ориз за 2019 година.
Директорот напомена дека одговорноста за увезеното семе не е надлежност на АХВ, туку на друга институција.