Анимираниот филм за светот на Марни, „Тајниот агент Мјау“, од вчера се прикажува и во скопските, како и во киното во Битола. Зад четирите гласа на нашите јунаци и нивните пријатели во анимираната комедија „Тајниот агент Мјау“ се кријат извонредните актери од македонската театарска сцена: Дејан Лилиќ, Никола Ристановски, Миа Кантарџиева, Александар Микиќ, Гораст Цветковски и Марија Ѓорѓијовска.

„Тајниот агент Мјау“ е креација на браќата Кристоф и Волфганг Лаунштајн по приказните од бајката „Бременските музичари“ од браќата Грим. Современите аниматори создадоа приказна за малото, портокалово маче Марни, кое живее во куќата на својата сопственичка, од која секогаш добива сѐ што ќе посака. По налог на злобниот брат на Росалинда, малата Марни ќе биде исфрлена во непознат свет во кој е присилена да се здружи со три антихерои: уплашениот пес, нервозниот петел и итрото магаре.

Покрај тоа што е синхронизиран на македонски, „Тајниот агент Мјау“, ќе имате можност да го погледнете и во 3Д-продукција.