Шпанскиот режисер Педро Алмодовар најави снимање нов филм, под името „Болка и слава“.
– Филмот е составен од низа состаноци, некои навистина се случуваат, на некои се потсетува режисерот, кој е сега во подоцнежна животна доба. Ќе ги опфати првата љубов и другите љубови, мајките, смртноста, шеесеттите, осумдесеттите, сегашните времиња и празнината што нè прогонува – објави Алмодовар.

Снимањето ќе почне на средината на јули, а главните улоги ги толкуваат Антонио Бандерас и Асие Етненди. Со ова Алмодовар покажува дека го прави првиот „машки“ филм. Пенелопе Круз и Хулиета Серано ќе ги играат споредните улоги.
– Сакам да ја раскажам приказната за создавањето, и филмското и театарското, и тешкотијата при одвојувањето на креативноста од реалниот живот – додаде режисерот.
Ова ќе биде 21-от долгометражен филм на Алмодовар, чија кариера трае околу 40 години. Сѐ уште не е познато кога ќе биде премиерата.