Англискиот фудбалски премиерлигаш Ливерпул го собори рекордот во парично обесштетување за еден голман. Можеби бразилскиот чувар на мрежата Алисон Бекер не е меѓу најдобрите голмани на денешницата, но затоа со сигурност е најскапиот досега. Така, според информациите, Ливерпул на Рома ѝ исплати чек вреден 75 милиони евра за трансферот на 25-годишниот бразилски голман, со што е надминат рекордот од 2001 година, кога Џанлуиџи Буфон помина од Парма во Јувентус за 51,6 милион евра.