Половина патнички дрон - половина беспилотно возило

„Ербас“ го искомбинира своето знаење од воздухопловството со знаењето и иновациите на автомобилскиот гигант „Ауди“ во еден нов концепт за креирање возило, наречен „поп.ап некст“. Тоа е истиот концепт „поп.ап“ што беше претставен на минатогодишниот Саем за автомобили во Женева, кој дава можност автомобилот да вози автономно на патиштата и по потреба да се подигне во воздух вертикално и да го надмине градскиот сообраќај.

Главната идеја на концептот „поп.ап некст“ се состои и се сведува на едноставна патничка кабина со две седишта во која може да се патува на два начина. Поедноставниот и поконвенционален начин претставува приклучување на електрична санка од 60 киловати, која ја презема контролата на возачот и овозможува автономно возење или автовозење на автомобилот. Највисоката брзина што ќе може да се постигне со автомобилот е 100 километри на час и тој ќе се потпира на батерија од 15 киловат-часа, која може да овозможи патување до 130 километри.

Но, да речеме дека корисникот се наоѓа во сообраќаен метеж. Користејќи ја апликацијата за споделување возила што ја поддржува „поп.ап“, корисниците имаат можност да го подигнат возилото преку повикување воздушен модул од најблиската станица за полнење, кој би се поврзал со покривот на возилото и би го подигнал во воздухот, а потоа би го однел до саканата дестинација. Воздушниот модул може да лета со брзина од 50 километри на едно полнење и поседува батерија од 70 киловат-часа, има осум електрични мотори со кои би можело да прелетува низ градовите со 540 километри на час.

Иако звучи едноставно, сите видови технички барања и регулаторни пречки што се претставуваат навестуваат дека реализацијата во реалноста не би била толку едноставна. Сепак, реалната потреба од ваков автомобил отвора можност за овој концепт да се оствари. Способноста корисникот лесно да се префрла помеѓу режимите на транспорт и да се маневрира низ урбаниот простор со голема мобилност претставува најголема погодност и звучи како добра идеја на хартија.

Не постои значителна разлика од гледна точка на дизајнот помеѓу оригиналниот „поп.ап“ и поп.ап некст“ од 2018 година. Сепак, идејата за произведувач на автомобили како „Ауди“, кој го внесува својот концепт на автономно возило и електрична батерија во соработка со авионската компанија „Ербас“, која го внесува своето знаење од авионската индустрија и дизајнирање на внатрешноста на кабината, претставува нешто ново.

Внатрешноста на кабината вклучува 49-инчен екран, кој е осетлив на допир, вклучува следење на очите на корисникот и препознавање на лице и говор. Во однос на дизајнот, седиштата се редизајнирани од оригиналниот концепт, кои се изградени од алуминиумски рамки и се многу лесни, со цел да се намали тежината на возилото. Дизајнерите велат дека „поп.ап некст“ тежи значајно помалку од верзијата од 2017 година.

Производителите исто така ги имаат преработено аеродинамиката и цевките на роторот за да ги подобрат перформансите и потрошувачката на енергија, а воедно имаат интегрирано и нов титаниумски механизам за заклучување, кој овозможува спојување и одвојување на модулите.

„Поп.ап некст“ секако изгледа на соодветен и современ концепт на транспорт. Од „Ербас“ веруваат дека овој вид систем би можел прв пат да полета за околу седум-десет години. Изминатите години компанијата „Ербас“ е активна во создавање и тестирање патнички беспилотни летала и неодамна ја тестира последната верзија на летачкото такси „валхала“.

Во меѓувреме, можеме само да ги гледаме концептите како „поп.ап“ и да си ја замислуваме иднината каде што обичните урбани граѓани не се ограничени на патувања по земја и да се справуваат со сообраќајниот метеж.