Џек Смит нов специјален обвинител

487

Европската Унија го назначи американскиот обвинител Џек Смит за нов специјален обвинител за воени злосторства во Косово и Метохија.
Смит ќе го наследи првиот специјализиран обвинител и поранешен главен обвинител на специјалниот истражен тим Дејвид Свендиман, кој ја напушти функцијата на крајот на март, кога истече неговиот мандат. Досегашниот обвинител беше на оваа функција три години, а во овој период неговата канцеларија не поднесе ниедно обвинение.
– Чест и задоволство е што ми е доделена оваа функција и имам за цел да ја придвижам истрагата напред – изјави Смит по неговото именување.

Во соопштението на Специјалното обвинителство се наведува дека тој има искуство во истрагите на високопозиционирани функционери и во меѓународните кривични истраги.
Моментално Смит е потпретседател и раководител на службата за судење во Болничкото здружение во Америка, кое е најголем невладин давател на здравствени услуги во САД. Од 2008 до 2010 година работел како координатор на истрага во обвинителството во Меѓународниот кривичен суд со седиште во Хаг. На оваа функција бил задолжен за осетливи истраги над странски владини службеници и припадници на паравоената милиција осомничени за воени злосторства, злосторства против човештвото и за геноцид.