Ќе се екранизира „Долгата прошетка“ на Стивен Кинг

453

Сценаристот Џејмс Вандербилт го подготви текстот заснован на книгата „Долгата прошетка“, која авторот на хорори Стивен Кинг ја издаде во 1979 година.
По ланскиот хорор-хит на Кинг, „Тоа“, продукциската куќа „Њу лајн синема“ ги откупи правата и за овој проект. Приказната е сместена во иднината во САД и се однесува на натпревар во пешачење со сурови правила, организиран од тоталитарната власт во земјата.