Штедливи трикови за потопол дом

706

Штом почне грејната сезона, сите почнуваат нѐ загрижуваат високите сметки за струја. Не е решение да се пикнете под јорган за да заштедите. Наместо тоа, подобро е да почнете да живеете во согласност со неколку лесни правила за оптимално греење.
Без разлика дали се греете со парно, дрва или на струја, неопходно е да се придржувате до неколку практични совети, со кои секогаш ќе би биде топло, а притоа нема да имате високи сметки за греење.

1. Не прегревајте ја собата
Најважно е да знаете која е оптималната температура за секоја од просториите во домот, бидејќи секој степен штеди енергија потребна за загревање. Во дневната и детската соба оптималната температура е 21°C, во спалната 17°C, а во бањата 23°C. Во кујната, пак, каде што оптималната температура е 18°C, дополнителна топлина обезбедуваат фрижидерот и шпоретот.

2. Паметно проветрувајте ги просториите
Прозорецот што е постојано оставен на кипење е вистински крадец на енергија. Затоа подобро е неколкупати во текот на денот (од три до пет) широко да ги отворите прозорците на пет минути, отколку да правите целодневна вентилација на простотијата. Во текот на ноќта прозорците треба да бидат затворени.

3. Загревајте рамномерно
Доколку правите повремено загревање на просторијата (вклучи – исклучи), може да се случи во просториите да се појават влага и мувла. Затоа се препорачува просториите во домот рамномерно да се загреваат.

4. Испуштете го воздухот од радијаторите
Ако во системот за греење се слушаат необични звуци (клокотење), во нив има воздух. Насобраниот воздух го намалува капацитетот на греење, па затоа препорачливо е одвреме-навреме да го испуштате воздухот од радијаторите.

5. Намалете ја потрошувачката на топла вода
За загревање на бојлерот, се троши 12 отсто енергија. Користењето на тушот за пет пати ја намалува потрошувачката на топла вода, а на тој начин и потрошената енергија.

6. Ослободете ги радијаторите и другите грејни тела
Завесите и мебелот што се поставени пред грејните тела спречуваат топлиот воздух да се шири низ просторијата. Затоа ослободете го просторот пред и околу нив за да ја искористите целата ослободена топлина.

7. Подобрете го загревањето со алуминиумска фолија
Големо парче картон облепете со алуминиумска фолија, така што сјајната страна да биде однадвор. Потоа, облепениот картон ставете го помеѓу ѕидот и радијаторот. Топлината од радијаторот ќе се одбива од површината на фолијата и ќе се враќа во вашиот дом, наместо да се впива во ѕидот.