Шампионот Работнички фаќа приклучок

84

Кошаркарите на Работнички остануваат во трката за првото место на табелата во пресрет на плејоф-завршницата, откако во мечот од 7-то коло од Суперлигата, потешко од очекувањата, славеа на гостувањето кај Кожув (85-79).

Кошаркарите на МЗТ Скопје и на Гостивар ја оправдаа фаворитската улога и забележаа победи на гостински терен, МЗТ кај Блокотехна, 90-75, а Гостивар беше подобар од Куманово, 88-81.

На три кола до крајот на групната фаза, МЗТ води на табелата со 51 бод, три повеќе од бранителот на титулата Работнички. Натаму следуваат Блокотехна и Гостивар со по 46, Кожув има 40, а Куманово 37 бода.