Четири лица убиени во заложничка драма во Белгија

106

Најмалку четири лица се убиени, а две ранети, во напад и заложничка драма во белгискиот град Лиеж. Белгиските власти соопштија дека инцидент е терористички чин. Според властите, во нападот се убиени двајца полицајци и еден случаен минувач, како и напаѓачот, кој бил застрелан од белгиската полиција.

Белгиските медиуми пренесуваат дека напаѓачот прво почнал да пука во кафуле, а потоа зел една жена за заложник и се скрил во училиштето во близината, при што бил елиминиран од полицијата. Мажот, кој првично со себе имал само нож, успеал да го украде огненото оружје на еден од полицајците, по што ги застрелал и избегнал. Во престрелката животот го загубил уште еден случаен минувач, а ранети се најмалку уште две лица. Мажот потоа се упатил кон училиште во близината и зел жена за заложничка, по што полицијата го застрелала.

Белгиските медиуми пренесуваат дека напаѓачот е Бенжамин Херман, роден 1982 година. Тој завчера бил пуштен од затвор, се сметал за маргинален и насилен, но не бил познат за терористички дела или по насилна радикализација.