Хуманитарна трка за деца со Даунов синдром

127

Мечувалскиот клуб Ескрим од Скопје, годинава, третпат ќе ја организира Хуманитарната трка за деца со Даунов синдром, која ќе се одржи во Градскиот парк во Скопје, на 24 март, со почеток во 11 часот.

– Секоја година сѐ повеќе луѓе се вклучуваат во поддршка, а организаторите апелираат тоа да продолжи. Ова се нашите витези, ова се нашите шампиони – вели Билјана Кузмановска, организаторка на трката.

Според неа, храброста на овие млади треба да биде негувана од секој аспект во нашето општество.

Организаторите се сигурни дека и оваа година ќе приредат незаборавен настан, кој ќе прерасне во традиционална манифестација што ќе ги поддржува лицата со Даунов синдром.

Хуманитарната трка се одржува по повод Светскиот ден на лица со Даунов синдром. Сите средства собрани од котизациите ќе се искористат за доопремување на дневниот центар за лица со тој синдром.