Храна добра за црниот дроб

Здравиот црн дроб значи здраво тело. Црниот дроб е орган одговорен за согорување на јаглехидратите, создавањето гликоза и детоксот на телото. Дисфункционалноста на црниот дроб значи нарушување на работата на метаболизмот, но и ризик за дијабетес тип 2. Иако е невозможно да ги елиминирате сите ризик-фактори, сепак може да консумирате храна што е одлична за добрата состојба на црниот дроб. Постојат многу овошја и зеленчуци што се одлични за здравјето на црниот дроб.

Кафе

Едно истражување објавено во 2013 година покажало дека повеќе од 50 проценти од Американците консумирале кафе. Кафето е добро за црниот дроб. Дневниот внес на кафе го штити црниот дроб од хронични болести, но и од оштетување, па и од рак. Кафето е полно со антиоксиданти, кои го чистат црниот дроб.

Овесна каша

Консумирањето овесна каша е одлично за вашиот начин на исхрана, но и за црниот дроб. Растителните влакна се одлични за дигестијата, а особено за црниот дроб. Овесната каша е богата со бета-глукани, кои го поттикнуваат имуниот систем, особено за борба против дебелина и дијабетес. Бета-глуканите помагаат за намалување на мастите складирани во црниот дроб. Потребно е само да консумирате цело зрно овес.

Зелен чај

Една студија направена во 2015 година покажала дека зелениот чај помага во борбата со вишокот килограми, а со тоа и во исфрлање на мастите од црниот дроб. Исто така, зелениот чај помага во ослободување на оксидативниот стрес.

Лук

Додавањето лук помага во стимулација на работата на црниот дроб. Една студија направена во 2016 година покажала дека лукот ги исфрла мастите од телото што се апсорбираат во црниот дроб.

Шумско овошје

Боровинките, малините, капините, брусницата содржат антиоксиданти што го штитат црниот дроб од оштетување.

Грозје

Една студија покажала дека грозјето, сокот од грозје и семките од грозје се полни со антиоксиданти, кои можат да помогнат во заштитата на црниот дроб од воспаленија и оштетувања.

Грејпфрут

Грејпфрутот е многу корисно овошје. Содржи клучни антиоксиданти, кои го штитат црниот дроб од воспаленија и ги чуваат клетките на црниот дроб.

Маслиново масло

Консумирањето маслиново масло е одлично за црниот дроб. Маслиновото масло ја подобрува неговата работа и го ослободува од мастите.

Круша

Крушата е одлична за црниот дроб. Нејзините состојки го штитат и обезбедуваат негово беспрекорно работење.

Јатки

Јаткастите плодови се одлични за црниот дроб. Богати се со витамин Е и со антиоксиданти, кои ги намалуваат воспалението и оксидативниот стрес. Консумирањето една рака јатки секојдневно е одлично за здравјето на црниот дроб.

Храна што треба да се избегнува

Мрсна храна, која вклучува прженици, брза храна, чипс, кои се богати со масти. Исто така треба да се избегнуваат леб, тестенини и торти, но и шеќер. Солта исто така му штети на црниот дроб, а алкохолот го уништува.

[email protected]