Хамилтон посакува ланска реприза

245

Британецот Луис Хамилтон посакува со победа утре да се повтори 2017 година, кога на трката за големата награда на Мексико ја обезбеди својата четврта титула во Формула 1. Утре се вози токму трката во Мексико Сити, на која на Хамилтон за петтата титула му е потребно да заврши меѓу првите седум возачи, ако победи Себастијан Фетел.

– Дополнителен бонус е ако на веќе одличната година со победа ја обезбедите титулата. Мојата цел е утре да се обидам да победам – рече Хамилтон, кој во минатата година титулата ја освои со пласман на деветтото место во Мексико Сити.
Патеката на автодромот „Херманос Родригес“ е на надморска височина од 2.240 метри. Лани славеше Макс Ферстапен, во 2016-та Хамилтон, а во 2015 година Нико Розберг.
По 15 трки сезонава, Хамилтон води со 346 бода, пред Фетел со 276, а потоа следуваат Кими Раиконен со 221, Валтери Ботас со 217, Ферстапен со 191, итн. По трката во Мексико сезонава следуваат уште и трките во Бразил и во Абу Даби.