Филхармонија на турнеја во Шпанија

105

Во периодот од 28 октомври до 2 ноември, Македонската филхармонија ќе оствари турнеја во шпанските градови Сарагоса и Хуеска. На 30 ноември концерт ќе се одржи во салата „Моцарт“ во аудиториумот во Сарагоса, додека пак на 1 ноември во Конгресната палата во Хуеска. Оркестарот на Македонската филхармонија на оваа турнеја ќе биде предводен од истакнатиот шпански диригент, маестро Рикардо Касеро, чие прво гостување во Скопје беше за време на минатата концертна сезона, кога го диригираше концертот „Шпанија во срцето“.

На двата концерта во рамките на оваа турнеја, како солист ќе се претстави нашиот виолинист Ѓорѓи Димчевски, кој моментно е концерт-мајстор на Националниот оркестар на Шпанија, а од 2007 година е концерт-мајстор на оркестарот „Валенсија“. Шпанската публика ќе има можност да ја чуе Македонската филхармонија со изведби на дела од Едгар Лало (Шпанска симфонија оп. 21 за виолина и оркестар) и Михаил Глинка (Шпанска увертира бр. 1).