Усогласиме, не ускладиме!

234
Владо Димовски

Девојките и момчињата, кога станува збор за летниот распуст, веќе се во завршни преговори и подготовки.
Ленче и Миле… телефонски разговор.
– Миле, мора да ги ускладиме сите работи. Ако доаѓате кај мене, не сакам да се влечите ко црева. Знаеш, дома е баба ми. Кажи ми во колку часот да ве чекам?
Овде, погрешниот збор е ускладиме. Ускладување. Значи, драги мои, ние ништо не ускладуваме, ние се усогласуваме. Или ќе ги усогласиме сите работи или ќе смислиме нешто друго.
Со арно, со убаво!


Чувајте го јазикот!

„Јазикот е нашата единствена татковина“, велеше познатиот македонски писател и лингвист Блаже Конески. Но сведоци сме дека токму тој македонски литературен јазик, ние во последниве години не го чуваме, не го негуваме и надградуваме.
Драги деца, за да растете и вие читајќи и зборувајќи на стандарден македонски литературен јазик, во „Колибри“ објавуваме рубрика „Зборуваме македонски“, чиј автор е Владо Димовски, голем пријател на децата и наш познат писател за најмладите и автор на многу детски радио и телевизиски емисии со кои растеа многу генерации, меѓу кои една од најпопуларните беше серијата „Умни глави“ што ја емитуваше Македонската телевизија.
Е па, и бидејќи и вие сте умни глави, се надеваме дека серијалот што го започнуваме, ќе ви помогне да го зборувате македонскиот јазик без грешки, а така и да пишувате!